Кроација Осигурување

Бесплатен ехо-преглед на дојка за жените осигуреници

Октомври е месецот за подигнување на свеста за рак на дојка. Затоа, Кроација Осигурување подарува бесплатен ваучер за превентивен ехо-преглед на дојка во ПЗУ Вита С на сите полнолетни жени кои во октомври ќе склучат полиса кај нас.

Бесплатен ваучер за превентивен ехо-преглед на дојка

Кој може да добие ваучер?

Ваучер добиваат полнолетни жени, нови и постојни клиентки, кои во периодот од 01.10.2026 до 31.10.2026 ќе склучат една од следниве полиси:

  • Каско осигурување.
  • Индивидуално доброволно приватно здравствено осигурување CROCARE (Basic, Plus или Flexy).
  • Семејно доброволно приватно здравствено осигурување CROCARE (Basic или Plus).

Кај семејните полиси, ваучер добива секоја полнолетна жена опфатена со полисата.

Како до ваучерот?

  1. Внесете го бројот на вашата полиса подолу за да проверите дали ги исполнувате условите.
  2. Наш претставник ќе ве контактира и ќе ви го достави ваучерот.
  3. Прегледот го закажувате самостојно во ПЗУ Вита С, со приложување на ваучерот.
  1. 1 Согласност
  2. 2 Полиса
  3. 3 Контакт
  4. 4 Готово

Чекор 1: Согласност за маркетинг

Врз основа на членот 96 од Законот за заштита на личните податоци, ја изразувам својата согласност за обработка и чување на моите лични податоци од страна на Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје (во натамошниот текст: КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ – НЕЖИВОТ), со седиште на ул. Железничка бр. 41, 1000 Скопје, со ЕМБС 6479570 и ЕДБ 4080009502945, како контролор за обработка на лични податоци.

Цел на обработката

Да бидам информиран/а за новитети, промотивни поволности, производи и услуги, како и да добивам понуди приспособени на моите потреби и интереси. Известувањата може да се доставуваат преку веб-страна, телефон, е-пошта, SMS, Viber, експозитура или други достапни канали за комуникација.

Ваши права
  • Право на пристап до личните податоци.
  • Право на исправка на личните податоци.
  • Право на бришење на личните податоци.
  • Право на ограничување на обработката.
  • Право на приговор.
  • Право на повлекување на согласноста.
Повлекување на согласноста

Согласноста може да се повлече во секое време со писмено известување до контролорот на адреса ул. Железничка бр. 41, 1000 Скопје, или на е-пошта: contact@crosig.mk .

Потврдувам дека сум информиран/а за моите права и обврски и дека согласноста ја давам доброволно.

Почни одново