Автоодговорност
Автоодговорноста е задолжителна полиса за регистрација на секое моторно возило. Ги покрива штетите што ќе ги предизвикате на трети лица и на нивниот имот.
За секоја година без штета добивате бонус до 50%, а полисата ја купувате онлајн за помалку од 40 секунди.
* полиса за регистрација за помалку од 40 секунди
Што покрива автоодговорноста?
Осигурувањето од автоодговорност обезбедува заштита на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода.
Секој сопственик на моторно возило, согласно со законот, е должен да склучи договор за осигурување од автоодговорност, со што се обезбедува надомест на штета која може да настане при учество во сообраќај.
Со ова осигурување се надоместува штета кон трети лица, било да станува збор за оштетено или уништено возило, телесна повреда, нарушено здравје или смртен исход.
Право на надомест имаат:
- сите лица кои се наоѓаат во возилото што ја предизвикало сообраќајната незгода, освен возачот,
- како и лицата во другото возило кое учествувало во незгодата.
Општи и посебни услови за АО полиса
Цена на полисата
Бонус за возење без штета
Добрите и совесни возачи добиваат попуст на премијата: ако во тековната година не предизвикале штета на трето лице, наредната година добиваат попуст (бонус) на премијата.
За секоја година без пријавена штета ве наградуваме со:
- По 1 година: 5%
- По 2 години: 10%
- По 3 години: 20%
- По 4 години: 25%
- По 5 години: 30%
- По 6 години: 35%
- По 7 години: 40%
- По 8 години: 45%
- По 9 години: 50%
Лицата кои се заведени како воени и трудови инвалиди добиваат дополнителен попуст од 10%.
Како се купува полисата?
Полисата за регистрација ја купувате онлајн за помалку од 40 секунди:
- со најава на moja.croatia.mk, или
- без најава.
Пријава на штета
Што најчесто прашуваат другите?
Кроација осигурување, ваш сигурен партнер на патот.