Како да пријавам штета?
Каде да се обратам?
Кои документи ми се потребни?
Нашиот тим, со задоволство ќе ви асистира при пополнувањето на формуларите, прибирањето на документацијата, се до моментот на исплата на штетата. Стручните лица на Кроација осигурување, се тука за вашите прашања, совети како и недоумици во поглед на која било настаната штета. Сите прашања може да ги упатите до steti@crosig.mk.
Како и каде да пријави штета по патничко осигурување
Како корисници на полисата за патничко осигурување, доколку Ви се случи немил настан и имате потреба од помош при патување, итна медицинска помош, потребно Ви е предвремено враќање, репатријација и сл., каде и да сте, во рок од 24 часа задолжително јавете се на единствениот број:
+381 11 3636905 CORIS ASSISTANCE
QR код за бесплатен интернет повик:
За сите останати случаи пријавувањето ќе го извршите по враќање дома.
При повикот, неопходно е да ги споделите следните информации:
– Име и презиме;
– Бројот на полисата на осигурување;
– Што ви се случило и каде;
– Податоци на контакт.
За штетите кои не подлежат под асистенција на CORIS Assistance, а се покриени со оваа полиса, веднаш по враќањето, контактирајте нé на:
тел.: +389 02 3251 136; +389 02 3251 177(во работно време)
E-mail: sos@crosig.mk ; corismk@coris.rs
По враќањето дома, по можност веднаш, пополнете ја пријавата за настанатата штета.
📄 Пријава за штета - Патничко осигурување
Во случај на штета, осигуреникот е потребно да ги превземе сите мерки за да се ограничат штетните последици и да се придржува до упатството на осигурителот.
Доколку во несреќниот случај како последица е повреда на осигураното лице, истото задолжително треба да ги направи следниве работи
- Да се јави на доктор, односно да се повика доктор за да направи преглед и да пружи потребна помош и превземање на сите потребни мерки за лекување, како и да се придржува на советите и упатствата во начинот на лекување.
- За несреќниот случај писмено да извести во најблиската филијала на Кроација Осигурување – неживот, во рок од 3 дена, односно кога неговата здравствена состојба ќе му го овозможи тоа.
- Доколку во несреќниот случај, како последица е смрт, корисникот на осигурувањето или некој од потесната фамилија е должен да ја извести најблиската филијала на Кроација осигурување со писмо, во рок од 3 дена, односно кога е можно тоа да се направи.
Како и каде да пријави штета од осигурување на лице од последница на несреќен случај
- Штета од осигурување на лице од последица на несреќен случај можете да пријавите во филијалите на Кроација Осигурување – неживот, по пошта или по факс. Документот за пријава на штета треба да се пополни со сите задолжителни податоци и своерачно да се потпише, заедно со дополнителната документација и да се достави во најблиската филијала.
Како и каде да пријави штета по патничко осигурување
Како корисници на полисата за патничко осигурување, доколку Ви се случи немил настан и имате потреба од помош при патување, итна медицинска помош, потребно Ви е предвремено враќање, репатријација и сл., каде и да сте, во рок од 24 часа задолжително јавете се на единствениот број:
+381 11 3636905 CORIS ASSISTANCE
QR код за бесплатен интернет повик:
За сите останати случаи пријавувањето ќе го извршите по враќање дома.
При повикот, неопходно е да ги споделите следните информации:
– Име и презиме;
– Бројот на полисата на осигурување;
– Што ви се случило и каде;
– Податоци на контакт.
За штетите кои не подлежат под асистенција на CORIS Assistance, а се покриени со оваа полиса, веднаш по враќањето, контактирајте нé на:
тел.: +389 02 3251 136; +389 02 3251 177(во работно време)
E-mail: sos@crosig.mk
По враќањето дома, по можност веднаш, пополнете ја пријавата за настанатата штета.
📄 Пријава за штета - несреќен случај - Незгода
📄 Пријава за штета - Патничко осигурување
📄 Пријава за штета - приватно здравствено осигурување
📄 Пријава за штета - осигурување на кредити-CPI
Откако ќе го отстраните возилото, потребно е правилно да биде пополнет и потпишан од двајцата учесници во несреќата Европскиот записник за несреќа, или на друг начин да се разменат лични информации и податоци, како за учесниците така и за возилата.
По сообраќајната несреќа
во случај на помала материјална штета сообраќајната полиција вообичаено не извршува увид на несреќата, па затоа пред да ги отстраните возилата од патот за да се овозможи непречено проток на сообраќај, препорачуваме да ги фотографирате положбите на возилата и местото на несреќата од поголемо и од непосредно растојание, трагите од кочење, паднатите и скршени остатоци на тротоарот, оштетувањата на возилата итн.
Откако ќе го отстраните возилото, потребно е правилно да биде пополнет и потпишан од двајцата учесници во несреќата Европскиот записник за несреќа, или на друг начин да се разменат лични информации и податоци, како за учесниците така и за возилата. Со пополнување на Европскиот записник не признавате вина, намената на Европскиот записник е исклучиво за собирање информации за несреќата. Возачите не смеат да го напуштат местото на несреќата се додека не го пополнат Европски записник за несреќата. Дополнителен опис на несреќата по потреба може да се дополни додатно на лист хартија.
Сообраќајна полиција се повикува задолжително во следниве случаи
- губење на живот или повреда на било кој од учесниците во сообраќајната несреќа. Во овој случај јавете се на итна медицинска помош
- настанување на голема материјална штета или едно од возилата е неподвижно
- не постои јасна-изричита вина на еден од учесниците во незгодата
- судир со неосигурано возило
- судир со возило со странски регистарски таблички
- алкохолизираност на возачот на возилото што бил вмешан во сообраќајната незгода
- возење без возачка дозвола
Оштетувањето на возилото мора да биде непроменето се до поднесувањето на барање за пријава на штета до осигурителот, се до доаѓањето на претставник од осигурителната компанија за проценка на штетата.
За сите прашања или коментари, обратете се до нашиот стручен тим на steti@crosig.mk !
📄 Пријава за штета за Автомобилска Одговорност - АО
Во случај на настанување на штетен случај неопходно е да се преземат сите мерки за ограничување на штетните последици и да се следат упатствата на осигурувачот на оштетениот имот за да се спречат дополнителни оштетувања.
Што да се направи при настанување на штета?
Во случај на настанување на штетен случај неопходно е да се преземат сите мерки за ограничување на штетните последици и да се следат упатствата на осигурувачот на оштетениот имот за да се спречат дополнителни оштетувања.
Да се извести осигурителната компанија за случајот најкасно во рок од 3 дена, писмено да се потврди пријавата на штета, усмено или телефонски.
Во сите случаи, а посебно кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба и сообраќајна несреќа, треба да се пријави во Министерството за Внатрешни работи и да се наведе кои работи се уништени, оштетени или исчезнати при настанот.
Веднаш по настанот на штетата, доколку е возможно и условите дозволуваат, да се направи попис на уништените односно оштетените работи и нивна приближна вредност.
До доаѓањето на претставник од осигурителната компанија на самото место на несреќата, не треба да се променува состојбата на оштетените односно уништените работи, освен ако е потребно за понатамошно спречување на поголема штета, или за да се овозможи нормален тек на работата. Во тој случај, осигуреникот е должен да го извести осигурителот телефонски или на било кој друг начин. Ако се пристапи кон поправка, обавезно е да се зачуваат заменетите делови за потребите на самиот увид.
Осигуреникот е должен независно од рокот во кој е поднесена пријавата на штета, да ги достави сите податоци и други докази кои се потребни за утврдување на причината, опсегот и висината на штетата. Осигурителот исто така може да побара и други дополнителни докази, ако е тоа потребно и оправдано.
Како и каде да се пријави штета за имот?
Штетата може да се пријави со доаѓање во просториите на Кроација Осигурување – неживот, или по пошта или факс. Образецот за пријава на штета треба да се пополни со сите барани податоци и своерачно да се потпише заедно со документацијата која ја поседувате и да се достави до најблиската филијала на Кроација Осигурување – неживот.
Штетата може да се пријави и телефонски, меѓутоа потребно е што побрзо, а најкасно до 3 дена писмено да се потврди на потребниот образец.
За сите прашања или коментари, обратете се до нашиот стручен тим steti@crosig.mk !
📄 Пријава за штета - Провална кражба и разбојништво
📄 Пријава за штета - Домаќинско осигурување
📄 Пријава за штета - Одговорност од дејност
📄 Пријава за штета - Крш машини
📄 Пријава за штета - Кршење стакло
📄 Пријава за штета - Пожар и други опасности
Листа на рокови за постапување на друштвото во процес на обработка на штетата
Друштвото е должно во рок од 2 работни дена од денот на приемот на барањето за надомест да ја евидентира пријавената штета во Книгата на штети.
Друштвото е должно во рок од 14 дена од денот на поднесување на барањето за надомест да провери дали кон барањето за надомест е доставена потребната документација пропишана од друштвото за осигурување, односно дали барањето за надомест е комплетно од аспект на документација која ја доставува оштетениот и да изврши извид (увид) и проценка на оштетувањата односно повредите.
Друштвото е должно во рок од 60 дена од приемот на барањето за надомест да достави до оштетениот образложена понуда за надомест на штета во случај основот и висината на штетата да не се спорни, образложен одговор по однос на сите точки на барањето за надомест доколку обврската на друштвото за осигурување е спорна и образложен одговор по однос на сите точки на барањето за надомест доколку висината на штететата е спорна. Оштетениот има право на приговор до друштвото за осигурување во рок од 30 дена од прием на образложена понуда/одговор од друштвото. Друштвото е должно во рок од 30 дена од поднесување на приговорот од оштетениот, да одлучи и одговори по приговорот. Друштвото е должно во рок од 8 дена од прием на барање на информација од оштетениот, да му ја обезбеди информацијата на оштетениот. Друштвото е должно за барањата за надомест на штета со проценет износ до 35.000,00 денари за кои друштвото констатира обврска по барањето за надомест и е комплетирана документацијата, надоместот на штета да го исплати во рок не подолг од рокот утврден во членот 975 од Законот за облигационите односи без барање за потпишување на спогодба со оштетениот.
Друштвото е должно во рок од 3 работни дена од денот на прием на дополнителна доказна документација која укажува на промена на првично резервираниот износ на штета, да врши промени во резервите на штети. Друштвото е должно во рок од 3 работни дена од денот на прием на приговорот повторно да издвои резерва за штета. Друштвото може да донесе одлука за решавање на штета во рок не пократок од 90 дена од денот на поднесување на барањето за надомест, во случај кога оштетениот не постапи по најмалку две последователни барања на друштвото за доставување на дополнителна документација. Во случај на сообраќајна незгода во која се вклучени две или повеќе моторни возила осигурани во две или повеќе друштва за осигурување, во која штета претрпело трето лице кое не е виновно за причинување на незгодата, штетата на третото оштетено лице треба солидарно да се надомести од страна на вклучените друштва за осигурување во рокови утврдени со закон и правилник за минимални барања за прием, обработка, резервација и исплата на барање за надомест на штета и/или осигурен износ во функција на подобра заштита на правата на осигурениците, при што евентуалните спорови меѓу друштвата за осигурување не влијаат на исплатата на штетата спрема третото лице.
Во однос на барањата за надомест на штета по основ на зелена карта се применуваат роковите за решавање на штети предвидени со меѓународни договори. Доколку не е утврден посебен рок согласно меѓународни договори, се применуваат роковите за начинот на евиденција , обработка и исплата на штета предвидени со правилник за минимални барања за прием, обработка, резервација и исплата на барање за надомест на штета и/или осигурен износ во функција на подобра заштита на правата на осигурениците, при што евентуалните спорови меѓу друштвата за осигурување не влијаат на исплатата на штетата спрема третото лице.
ЛИСТА НА ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Класа 01 - Осигурување од последици на несреќен случај – незгода: лица Оргинална медицинска документација на увид и копија од истата Оргинални фисклни сметки за трошоци за лекување РТГ снимки или ЦД кои по лекарскиот преглед се враќаат на осигуреникот Оргинален документ за користење на боледување Копија од трансакциона сметка на осигуреникот или на неговиот родител ако се работи за малолетни Извод од матичната книга на родени доколку се работи за малолетно лице Извештај од лекар цензор Ако се работи за смрт: Медицински извештај за настанување на смртта Обдукциски наод во случај кога се работи за смрт од незгода и телото е дадено на обдукција Изјава од сите наследници заверена кај нотар во оригинал Копија од извод од матичната книга на умрените Копија од извод од матичната книга на венчаните (ако се работи за лице кое било во брачна заедница) Копија од изводите од матичната книга на родените на сите населдници Копија од трансакциска сметка на корисникот на осигурувањето
Класа 02 - Здравствено осигурување Упат од лекар (општ лекар, матичен лекар или лекар специјалист) Медицински извештаи од прегледи, операции и лабораторија Розев рецепт Фискални сметки - во оригинал Мислење на лекар цензор
Класа 03 - Каско осигурување на моторни возила Фактура за извршената поправка Записник од МВР со Скица за сите случаи кои се регулирани со условите за осигурување Алко тест во сите случаи кои се регулирани со условите Полномошно за исплата на штетата во случај кога возилото е на кредит или на лизинг компанија Копија од трансакциона сметка Фактура за извршена транспорт - шлеп служба, ако имало потреба
Класа 04 - Каско осигурување на шински возила Изјава од возачот Траспортни листи ( во домашен транспор т може и испратница) Записник за констаирани оштетувања на стоката потпишани од превозникот и примачот на стоката За штети од поголем обем извештај од хавариски инспектор Фотодокументација Полициски записник од МВР или потврди
Класа 07 - Осигурување на стока во превоз (карго) Изјава на возачот Транспортна листа Пратечка фактура ЦМР протокол со наведени забелешки од прим ачот за видот и обемот на оштетување Доказ за одговорност на превозникот (задолжително полици ск и зап исник за случаите кој се пропошани со условите) Извештај од хавариски комесар, за поголеми штети
Класа 08 - Осигурување на имот од пожар и некои други опасности Понуди за поправка на штетата Фактура извршена поправка или фискални сметки кога се работи за физичко лице Запсиник / потвдра од полиција кога тоа е дефинирано со условите за осигурување Фактура на набавка на оштетните предмети Пописни листи Копија од картицата на основното средство Копија од трансакциона сметка ако се работи за физ ичк о лице Полномошно за исплата ако осигураниот предмет е под хипотека
Класа 09 - Останати осигурување на имот Понуди за поправка на штетата Фактура извршена поправка или фискални сметки кога се работи за физичко лице Запсиник / потврда од полиција кога тоа е дефинирано со условите за осигурување Фактура на набавка на оштетните предмети Пописни листи Копија од картицата на основното средство Дефектажа на оштениот предмет Градежен дневник Времени ситуации Копија од трансакциона сметка ако се работи за физичко лице Полномошно за исплата ако осигураниот предмет е под хипотека
Класа 10 - Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила (автоодговорност) Записник од МВР со Скица или Европски извештај Изјави од учесниците на сообраќајната незгода Фактура за поправка на возилото Понуда за поправка на возилото Полномошно за исплата на штетата ако возилото е на кредит или на лизинг Прекршочна или кривична пресуда Алко тест Медицинска документација во оргинал Фискални сметки за трошоци за лекување во оригинал Копија од извод од матичната книга на умерните Копија од извод од матичната книга на родените Фактура за извршен погреб Полномошно за застапување Копија од сообраќајна дозвола Копија од возачка дозвола Копија од трансакциска сметка Лекарски наод за причината на смртта Обдукционен наод Извештај од лекар цензор
Класа 15 - Осигурување на гаранции Фактура од купен производ Фактура за поправка Работен налог за поправка Фотодокументација
Класа 18 - Осигурување на туристичка помош (патничко осигурување и автоасистенција) Копија од медицинска документација Оргинални сметки и фактури за платени трошоци во странство Копија од пасош Копија од здравстевна книшка Полициски записник, согласно условите за осигурување Пријава за изгубен багаж Потврда за прием на багажот Потврда од полиција ако е тоа регулирано со условите за осигурување Копија од трансакциона сметка