Општа (јавна) одговорност

Осигурувањето од општа одговорност ја покрива Вашата законска граѓанска одговорност, како осигуреник, за причинети штети поради смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на предмети на трето лице, предизвикани од ненадеен и неочекуван штетен настан.

Покриени се и штетите што настануваат поради користење, поседување, закуп или плодоуживање на земјиште, згради и простории што се користат исклучиво за потребите на осигурената дејност или занимање на осигуреникот.

Професионална одговорност: BLUE PROFESSIONAL

Осигураната професионална одговорност е одговорност за професионална грешка, невнимателна или нестручна постапка, односно пропуст при извршување на дејностите за кои осигуреникот е регистриран, во текот на реализација на договор што го склучил за тие работи.

Грешките и пропустите се прекршување или отстапување од правилата на струката, утврдени со професионални стандарди и норми, односно непостапување со внимание на добар стручњак, за што осигуреникот е одговорен според законот.

Осигурувањето го прилагодуваме на специфичностите на Вашата професија и работа.

Во нашата понуда има различни видови осигурување од професионална одговорност, кое, зависно од законските одредби, најчесто е задолжително. Може да се однесува на:

  • здравствени работници
  • нотари
  • адвокати
  • извршители
  • медијатори
  • сметководители
  • проценувачи
  • друштва за проектирање, ревизија, надзор и изведба на градба
  • геодети
  • туристички агенции
  • вештаци

Ако Вашата професија не е на листата, можеме да изготвиме осигурување што ќе ги заштити Вашите имотни интереси.


Осигурување од одговорност за производ

Ова осигурување е наменето за правни лица што произведуваат или тргуваат со производи и сакаат да ја покријат својата одговорност за штети предизвикани на трети лица. Со него можете посигурно да настапувате на пазарот, да го зачувате угледот кај потрошувачите и да избегнете непотребни трошоци.

Се покриваат штети настанати поради неисправен производ што осигуреникот го пуштил во промет, кога недостатокот не му бил познат, но тој е одговорен според законските прописи.

Осигурувањето покрива:

  • телесни повреди, заболување или смрт на лица, што произлегуваат од користење на производот;
  • уништување, оштетување или исчезнување на предмети поради неисправност на производот.

Неисправноста може да се должи на грешка во материјалот, конструкциска грешка или недостаток на упатства за правилна употреба.

Покритието важи за сите производи што осигуреникот ги изработил и пуштил во промет под свое име, трговска марка или друг знак за идентификација, ако производите се наведени во полисата.

Побарајте понуда

Секторот за прием ќе Ви помогне да го изберете покритието што одговара на Вашата дејност.

Контактирајте нè