Осигурување на кредити
Осигурување на отплата на потрошувачки кредити: вашата финансиска сигурност кога е најпотребна
Со осигурувањето на отплата на потрошувачки кредити останувате заштитени и во најнепредвидливите животни ситуации. Ова осигурување ви помага да ја зачувате стабилноста на личниот буџет и да го намалите финансискиот товар при настани покриени со полисата, како што се:
- трајна целосна неспособност за работа;
- привремена целосна неспособност за работа (боледување);
- невработеност или отказ без вина на осигуреникот и независно од неговата волја;
- смрт на осигуреникот поради несреќен случај.
Клучни придобивки:
- заштита на вашите месечни кредитни обврски;
- редовна отплата на ратите од кредитот во случај на осигурен настан;
- помал ризик од нередовно плаќање, со што избегнувате лоша кредитна историја;
- брза и едноставна постапка за активирање на полисата.
Осигурувањето е достапно при аплицирање за потрошувачки кредит во Стопанска банка, во нејзините филијали или преку Контакт центарот на банката.
Дознајте повеќе на Стопанска банка
Дали имате полиса за осигурување од незгода?