Правила за спроведување на
промотивна кампања
Кроација Осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување Скопје
1. Организатор
Организатор на кампањата е Кроација Осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување Скопје, дел од Croatia osiguranje групацијата, со седиште на ул. Железничка бр. 41, Скопје, РСМ.
2. Предмет на кампањата
Секој клиент кој ќе склучи онлајн полиса за осигурување преку порталот moja.croatia.mk во периодот на траење на кампањата добива загарантиран промотивен подарок, со симболичен износ. Кампањата е промотивно поттикнување за купување онлајн полиси и истата не претставува игра на среќа.
3. Период на траење
Кампањата важи за онлајн полиси склучени од 01.07.2026 до 31.07.2026 или до искористување на залихите, за кое Друштвото навремено ќе информира.
4. Услови за учество
Право на промотивен подарок има секој клиент кој:
- склучил онлајн полиса преку moja.croatia.mk,
- полисата е склучена (по) од 01.07.2026 или подоцна во период на траење на маркетинг кампањата,
- за таа полиса сè уште не е подигнат промотивен подарок.
Секоја полиса учествува само еднаш.
5. Распределба на подароци
Подарокот е однапред определен според последната цифра на бројот на полисата и износот на премијата, по следниот критериум:
Истата полиса секогаш го дава истиот подарок. Критериумот е фиксен и проверлив.
6. Начин на подигање
По внесување на бројот на полисата на страната podarok.croatia, клиентот го избира саканата филијала и подарокот го подига лично, со приложување на полисата.
7. Останати одредби
- Подарокот не може да се замени за паричен еквивалент.
- Организаторот го задржува правото да ги измени или прекине условите на кампањата, за што навремено ги информира учесниците.
- За сите прашања клиентите можат да се обратат на contact@crosig.mk.