Штета на имот
media.product.imagealternatetextformat.details

Штета на имот

Во случај на настанување на штетен случај неопходно е да се преземат сите мерки за ограничување на штетните последици и да се следат упатствата на осигурувачот на оштетениот имот за да се спречат дополнителни оштетувања.

Што да се направи при настанување на штета?

Во случај на настанување на штетен случај неопходно е да се преземат сите мерки за ограничување на штетните последици и да се следат упатствата на осигурувачот на оштетениот имот за да се спречат дополнителни оштетувања.

Да се извести осигурителната компанија за случајот најкасно во рок од 3 дена, писмено да се потврди пријавата на штета, усмено или телефонски.

Во сите случаи, а посебно кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба и сообраќајна несреќа, треба да се пријави во Министерството за Внатрешни работи и да се наведе кои работи се уништени, оштетени или исчезнати при настанот.

Веднаш по настанот на штетата, доколку е возможно и условите дозволуваат, да се направи попис на уништените  односно оштетените работи и нивна приближна вредност.

До доаѓањето на претставник од осигурителната компанија на самото место на несреќата, не треба да се променува состојбата на оштетените односно уништените работи, освен ако е потребно за понатамошно спречување на поголема штета, или за да се овозможи нормален тек на работата. Во тој случај, осигуреникот е должен да го извести осигурителот телефонски или на било кој друг начин. Ако се пристапи кон поправка, обавезно е да се зачуваат заменетите делови за потребите на самиот увид.

Осигуреникот е должен независно од рокот во кој е поднесена пријавата на штета, да ги достави сите податоци и други докази кои се потребни за утврдување на причината, опсегот и висината на штетата. Осигурителот исто така може да побара и други дополнителни докази, ако е тоа потребно и оправдано.

Како и каде да се пријави штета за имот?

Штетата може да се пријави со доаѓање во просториите на Кроација Осигурување – неживот, или по пошта или факс. Образецот за пријава на штета треба да се пополни со сите барани податоци и своерачно да се потпише заедно со документацијата која ја поседувате и да се достави до најблиската филијала на Кроација Осигурување – неживот.

Штетата може да се пријави и телефонски, меѓутоа потребно е што побрзо, а најкасно до 3 дена писмено да се потврди на потребниот образец.

За сите прашања или коментари, обратете се до нашиот стручен тим steti@crosig.mk!

Документи

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување