Упатство за постапување во случај на сообраќајка незгода во странство

При секое патување со вашето возило вон границите на Р.Македондија, задолжително е поседување на зелена карта за возилото. Зелената карта е всушност проширување на осигурувањето од Автомобилската одговорност надвор од територијата на државата. Тоа значи дека доколку ви се случи штета додека го упрвавувате возилото во странатсво, вие сте осигурени без разлика дали сте причинител или оштетен во настанот.

При тоа мошне е важно да ги знаете своите права и обрвски, односно да знаете како точно да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во странство.

  •  Погрижете се за евентуалните повреди.
  •  Обезбедете го местото на незгода и не го помесувајте возилото. Долоку постојат услови направете фотографии од возилата.
  •  Повикајте полиција и по извршениот увид побарајте копија од полициски извештај-записник.
  •  Доколку Вие НЕ СТЕ ВИНОВНИ за незгодата потребно е да ја пријавите штетата во Бирото за Зелена карта на земјата во која се случила незгодата. На позадината на зелената карта може да ги најдете телефоните на Бироата за зелена карта во сите земји. По враќањето во Р. Македонија известете ја вашата осигурителна компанија за незгодата.
  •  Доколку Вие СТЕ ВИНОВНИ за незгодата, копија од зелената карта давате на оштетениот или на полицијата која врши увид. По враќањето во Р.Македонија задолжително ја извесувате компанијата која го издала Зелениот картон, и давате писмена изјава во која објективно го опишувате начинот на кој дошло до незгодата.
  •  За помош при пријавување на штетата и остварување на правото на надомест, во одредени земји можете да се обратите и во осигурителните компании со кои Вашата осигурителна компанија има склучено коресподентски договор. На задната страна на овој леток се наведени коресподентските компании со кои Кроација соработува.

 

 

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување