Сообраќајна несреќа
media.product.imagealternatetextformat.details

Сообраќајна несреќа

Откако ќе го отстраните возилото, потребно е правилно да биде пополнет и потпишан од двајцата учесници во несреќата Европскиот записник за несреќа, или на друг начин да се разменат лични информации и податоци, како за учесниците така и за возилата.

По сообраќајната несреќа

во случај на помала материјална штета сообраќајната полиција вообичаено не извршува увид на несреќата, па затоа пред да ги отстраните возилата од патот за да се овозможи непречено проток на сообраќај, препорачуваме да ги фотографирате положбите на возилата и местото на несреќата од поголемо и од непосредно растојание, трагите од кочење, паднатите и скршени остатоци на тротоарот, оштетувањата на возилата итн.

Откако ќе го отстраните возилото, потребно е правилно да биде пополнет и потпишан од двајцата учесници во несреќата Европскиот записник за несреќа, или на друг начин да се разменат лични информации и податоци, како за учесниците така и за возилата. Со пополнување на Европскиот записник не признавате вина, намената на Европскиот записник е исклучиво за собирање информации за несреќата. Возачите не смеат да го напуштат местото на несреќата се додека не го пополнат Европски записник за несреќата. Дополнителен опис на несреќата по потреба може да се дополни додатно на лист хартија.

Сообраќајна полиција се повикува задолжително во следниве случаи

  • губење на живот или повреда на било кој од учесниците во сообраќајната несреќа. Во овој случај јавете се на итна медицинска помош
  • настанување на голема материјална штета или едно од возилата е неподвижно
  • не постои јасна-изричита вина на еден од учесниците во незгодата
  • судир со неосигурано возило
  • судир со возило со странски регистарски таблички
  • алкохолизираност на возачот на возилото што бил вмешан во сообраќајната незгода
  • возење без возачка дозвола

Оштетувањето на возилото мора да биде непроменето се до поднесувањето на барање за пријава на штета до осигурителот, се до доаѓањето на претставник од осигурителната компанија за проценка на штетата.

За сите прашања или коментари, обратете се до нашиот стручен тим на steti@crosig.mk!

Документи

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување