Совети за патување со автобус
media.product.imagealternatetextformat.details

Совети за патување со автобус

Купувањето на автобуска карта наместо авионска до саканата дестинација е многу поефтино, но повеќе часовното возење во автобус може да биде навистина голем предизвик. Кроација осигурување реши да направи мини "истражување" за полесно и побезбедно патување. Се надеваме дека следните совети ќе ви помогнат:

Одберете ноќна линија

  • Времето ќе ви мине брзо, бидејќи ќе го поминете во спиење 
  • Понесете си ќебе и перница за вратот
  • Доколку немате перница, стуткајте си го дуксерот и потпрете се на него 
  • Доколку немате ниту перница, ниту дуксер, одберете згоден сосед на седиштето до вас      

Светото тројство: книга, слушалки, музика

  • Добра музика може да ве спаси од многу ситуации

Грицки

  • Земете си храна, но внимавајте да не ви предизвика стомачни проблеми или пак да ви биде тешко за време на патувањето. Најдобра опција се мусли баровите, интегралните грицки итн..
  • Понесете си многу течности

Облечете облека во која удобно се чувствувате 

  • Удобни и широки парчиња на облека се најдобриот избор
  • Не носете тесни работи

Раздвижете се 

  • Практикувајте го ова на секоја пауза

Паметно одберете го седиштето

  • Колку е седиштето поназад во автобусот, толку е поголема веројатноста да ги почувствувате дупките, заради тоа најдобро би било да изберете седиште понапред во автобусот

Чувајте ги вредните работи на досег 

  • Паричникот, телефонот, патните исправи и полисата погрижете се да бидат близу до вас 
  • За сите итни случаеви, имајте го телефонот на Кроација&Coris April Assistance при рака +386 1 519 2020

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување