Совети за безбеден дом
media.product.imagealternatetextformat.details

Совети за безбеден дом

Планирањето на одмор може да ви одземе многу време, но и покрај тоа секогаш издвојте барем еден час да се погрижите за вашиот дом да биде сигурен додека сте отсутни. Кроација осигурување/неживот издвои неколку неопходни совети за безбеден дом: 

  • Повикајте пријател!

За да бидете безгрижни на вашиот одмор замолете го вашиот сосед или најдобар пријател да се грижи за вашиот дом додека сте отсутни. Дајте му клуч од вашиот дом за да може да ја зема вашата пошта, да го храни миленичето и да ги полева цвеќињата. Исто така најдобро би било на оваа личност да и го дадете и клучот од автомобилот во случај да треба да се помести доколку немате гаража.

  • Затворете ги прозорците!

Затворените прозорци спречуваат штета во случај на невреме или дожд. Најдобро би било да го оставите домот како сеуште да сте присутни. Но, внимавајте работите како компјутер, накит и други скапоцености да бидат надвор од видикот на минувачите.

  • Исклучете ги сите електрични уреди!

Погрижете се сите светла да бидат исклучени, а електричните уреди да не бидат вклучени во прекинувач. Освен што ќе заштедите струја, ќе го заштитите и вашиот дом од несакан пожар, електричен дефект и сл..

  • Не оставајте резервен клуч во вашиот двор!

Доколку до сега сте имале " тајно место " каде ви стоел резервниот клуч, најдобро би било да го понесете со себе. Или пак видете под број 1.

  • Внимавајте кој знае за вашиот одмор!

Социјалните мрежи не ви се пријатели во овој случај, па заради безбедносни причини советуваме да не објавувате дека ќе бидете отсутни подолг период.

  • Сопрете го вентилот за вода!

Мало протекување може да биде фатално доколку нема никој присутен да го санира.

  • Не го заборавајте вашето осигурување!

Не оставајте ништо на случајностите и размислувајте одговорно. Пратете маил на imot@crosig.mk и ќе ви ја доставиме полисата веднаш.

  • Погрижете се да ги имате применето горенаведените совети!

Никогаш не е на одмет уште една проверка. 

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување