Прва помош на плажа
media.product.imagealternatetextformat.details

Прва помош на плажа

Не дозволувајте вашиот летен одмор да биде уништен од морски еж или медуза. Кроација осигурување/неживот ви нуди мали летни совети како да се справите со најчестите проблеми на плажа и да имате одмор без грижи.

Пред да влезете во вода

Една од најчестите грешки кои многумина ја прават е влегувањето во вода после оброкот. Правилно е да се почека еден час. Во вода исто така не треба нагло да влегувате, ова особено се однесува на постарите и оние кои имаат проблеми со срцето. Токму затоа, следниот пат кога ќе добиете желба да влезете во водата, направете го тоа до колениците, намокрете го телото со рацете и влезете.

Контакт со морски животни 

Медуза: После допир од медуза, на вашата кожа се појавува алергиска реакција од супстанцата која се наоѓа во нивните пипки. Изгореницата која подоцна се појавува не е опасна, но доколку таа е поголема од раширената дланка меѓу прстите или пак се појават големи меури, веднаш посетете го најблискиот доктор. Како прва помош, може да ви помогнат морската вода, лимонот или оцетот.

Морски еж: Згазнувањето на еж може навистина да ви го упропасти денот, а и додека не ги отстраните боцките ќе имате проблем при одењето. Доколку се неколку боцки можете да ги отстраните со помош на дезинфицирана игла, пинцета и алкохол. Постапката е иста како кај вадењето трн од кожата. Но, внимавајте доколку станува збор за повеќе боцки или подлабоки подобро би било да посетите доктор.

Морски пајак: Морскиот пајак е вид на риба која најчесто се наоѓа на песок, а на нејзиниот грб има отровни боцки и може да дојде до незгода доколку згазнете на неа. Овој отров е чувствителен на температура, затоа е најдобро доколку ви се случи вакво нешто веднаш да го поминете тој дел од телото со врела вода. Веднаш по направената превентива јавете се во најблиската амбулантна станица бидејќи може да ви се појават грчеви или да се онесвестите, а тоа посебно важи за малите деца и старите луѓе.

Изгореници од сонце 

При појава на црвенило после сончање како прва помош ќе ви послужи ладна купка во која може да ставите малку јаболков оцет, како и дополнително мачкање со масло од кантарион. Јогуртот може да ви помогне да ја оладите кожата и да го намалите црвенилото. Сепак, ако се појават пликови и кожата многу ве пече, треба да посетите лекар.

Вода во уво

Ако во текот на пливањето ви влезе вода во увото, повлечете ја ушната ресичка и наведнете ја главата на таа страна. Доколку по два до три дена почувствувате остра болка, во тој случај сте добиле инфекција и треба да се консултирате со лекар.

Исеченици и гребаници

Раните иако не изгледаат страшно сепак се подложни на инфекции, па заради тоа треба брзо да реагирате. Измијте ја раната со свежа вода или пак растопен мраз и потоа со чиста крпа убаво притиснете за да престане крварењето. Намачкајте антибиотик-маст, ставете завој и побарајте лекар што е можно побрзо.

Сончаница

Личноста која има сончаница треба веднаш да се смести под сенка, во полу-лежечка положба и да се раскомоти во облеката. Во случај да е во безсознание треба да легне на страна. Најдобро е да се полива со ладна вода и да се стават ладни облоги под тилот и на главата. При сончаница најважна е хидратацијата, па заради тоа лицето треба постојано да пие ладни напитоци, но се забрануваат пијалоци кои влијаат на крвотокот и притисокот како алкохол и кафе.

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување