Осигурување од незгода
media.product.imagealternatetextformat.details

Осигурување од незгода

На пат, во училиште, при спортување... Со полисата за осигурување од незгода можете да ги ублажите последиците и финансиските трошоци.

ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ 

Кроација Осигурување ви нуди единствена можност за осигурување од несреќен случај, целосно прилагодена на вашите желби, професија и слободни активности. Сето тоа по поволни услови и најниска премија. 

Со нашата полиса ги добивате следните предности:

  • најкраток рок на исплата на штета
  • 24h, дневно осигурување, без територијално ограничување (училиште, дом, канцеларија)
  • наједноставен начин за обнова на полисата

Договарањето на полисата од незгода е брзо и едноставно а можете да се осигурате во времетраење од еден ден до една година. 

Осигурувањето на лица од незгода вклучува доброволно осигурување на лица од последици од несреќен случај кој настанал при вршење на нивното редовно работно место како и вон истото како и осигурвање за посебни активности или работа. Истото може да се искористи и за патници во јавниот сообраќај. 

Кој може да биде осигуран

Осигуреник по правило може да биде физичко лице со возраст од 14 години или со навршени 70 години на живот. Лица помлади од 14 и/или постари од 70 години можат да бидат осигурани согласно дополнителните услови или согласно посебните услови. 

Осигурувањето може да го договори било кое физичко или правно лице коешто има деловна способност и интерес за склучување на овој вид на осигурување. 

Кои ризици може да се договорат

Осигурување на лица од последица на несреќен случај може да се договори за следните ризици:

  • смрт поради несреќен случај
  • траен инвалидитет
  • дневен надомест за привремена неспособност за работа
  • трошоци за лечење
  • дневен надомест за престој во болница поради лечење од последиците од несреќниот случај 

Задолжителни ризици се ризикот од смрт поради несреќен случај и ризикот од траен инвалидитет, додека останатите ризици се факултативни. 

 

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување