Осигурување на домаќинства
media.product.imagealternatetextformat.details

Осигурување на домаќинства

Докажано е дека најголем број на штети се случуваат во домот. Да, во вашиот дом во кој живеете и уживате со своите најмили. Заштитете го на прав начин и одберете осигурување кое одговара на вашите желби и потреби.

КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА СТАНОВИ, КУЌИ И ПРЕДМЕТИ ВО ДОМАЌИНСТВО

Во што е значењето и специфичноста на ова осигурување?

Пожар, поплава, провала, кражба или некоја друга опасност може да го уништи или сериозно оштети Вашето домаќинство и предметите во него. Со цел за брзо санирање на последиците од немилиот настан и продолжување со безгрижниот живот без особени трошоци Ви препорачуваме овој вид на осигурување.

Осигурувањето на домаќинства подразбира:

  • Осигурување на стамбени објекти
  • Осигурување на предмети во домаќинството
  • Осигурување на одговорност за штета причинета спрема трети лица
  • Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.

ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ

 Предмет на осигурување кај домакинско осигурување е:

 1. Станбени објекти  

(станови и индивидуални згради) како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализацион инсталација кои служат за живеење (во натамошен текст: станбени објекти).

2. Стварите на домаќинството  

(кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаѓинство)

За населен стан се смета стан во кој осигуреникот има постојано живеалиште, а кој не е повеѓе од 60 дена ненаселен без прекин во текот на дванаесет месеци.

Во ствари на домаќинството се сметаат: 

  • стварите кои служат за уредување на станот
  • стварите за лична употреба

Со ова осигурување се опфатени и:

  • готови пари
  • уметнички предмети
  • хартии од вредност
  • скапоцености и збирки

Готовите пари се осигурени само од опасност од провална кражба и разбојништво за време додека се наоѓаат во заклучени вѕидани сефови, каси и сл.

3. Одговорност за штети причинети спрема трети лица

4. Трошоците за нужно сместување

(на осигуреникот и членовите на неговото семејно домаќинство при тотална штета, односно кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење)

Предмет на осигурување не можат да бидат:

  • составни уреди во зградата
  • (хидрофори вон состав на зграда, бунари, цистерни за вода и сл.)
  • моторни возила
  • велосипеди со помошен мотор
  • приколки и сите видови пловни објекти
  • работни машини
  • резерви на материјали и стоки кои служат за вршење на занаетчиска и друга дејност
  • необработени благородни метали и необработени скапоцени камења
  • животни намирници

Ствари во постојано ненаселени станбени и други објекти можат да бидат предмет на осигурување по овие услови од ризикот провална кражба и разбојништво ако се договори и плати додатна премија.

Ако посебно се договори и плати додатна премија, се дава осигурителна заштита од провална кражба и разбојништво за викенд куќички.

Станбените објекти можат да се осигураат како деловен простор ако посебно се договори и плати додатна премија.

Ако посебно се договори и плати додатна премија може да се осигураат: сателитски антени, целокупната опрема за индивидуално централно греење со цистерна за гориво (без залиха на гориво), клима уреди и компјутери, апарати со вредност над 500 ЕУР, камери, оружје за кое се поседува уредна дозвола и сл.

 

ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)

Основни опасности (ризици)

  • пожар
  • удар на гром
  • експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
  • луња
  • град
  • одговорност
  • манифестација и демонстрација
  • паѓање на воздушни летала
  • излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
  • и уреди и цевки за топловодни инсталации
  • провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено.

Ненаселени станови во смисла на овие услови се станови кои се ненаселени без прекин најмногу 2 месеци во текот на годината.

Дополнителни опасности

Ако посебно се договори и плати додатна премија, осигурувачот е во обврска да исплати

надомест и во случај на штета од дополнителни опасности (ризици) и тоа:

  • поплава, порој и високи води
  • лизгање и одронување на земјиште
  • снежна лавина
  • кршење стакло

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување