Несреќен случај

Несреќен случај

media.category.imagealternatetextformat

НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ 

Во случај на штета, осигуреникот е потребно да ги превземе сите мерки за да се ограничат штетните последици и да се придржува до упатството на осигурителот.

Доколку во несреќниот случај како последица е повреда на осигураното лице, истото задолжително треба да ги направи следниве работи

  • Да се јави на доктор, односно да се повика доктор за да направи преглед и да пружи потребна помош и превземање на сите потребни мерки за лекување, како и да се придржува на советите и упатствата во начинот на лекување.
  • За несреќниот случај писмено да извести во најблиската филијала на Кроација Осигурување – неживот, во рок од 3 дена, односно кога неговата здравствена состојба ќе му го овозможи тоа.
  • Доколку во несреќниот случај, како последица е смрт, корисникот на осигурувањето или некој од потесната фамилија е должен да ја извести најблиската филијала на Кроација осигурување со писмо, во рок од 3 дена, односно кога е можно тоа да се направи.

Како и каде да пријави штета од осигурување на лице од последница на несреќен случај

  • Штета од осигурување на лице од последица на несреќен случај можете да пријавите во филијалите на Кроација Осигурување – неживот, по пошта или по факс. Документот за пријава на штета треба да се пополни со сите задолжителни податоци и своерачно да се потпише, заедно со дополнителната документација и да се достави во најблиската филијала.

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување