Најчести проблеми во одржувањето на Вашиот дом

Најчести проблеми во одржувањето на Вашиот дом

media.category.imagealternatetextformat

Сите знаат дека листата на потенцијални проблеми коишто можат да настанат во домот е бесконечна. Но, познавањето на најчестите проблеми со коишто се соочуваат сопствениците на домови може да биде многу корисно за спречување на нивната појава во Вашиот дом. 

Структурни проблеми – Кај многу куќи и згради можат да сепојават оштетувања на структурните компоненти како потпорните ѕидови, подни греди, дрвени конструкциски елементи, каси на прозорци и врати, но обично ваквите градби се проектирани да издржат многу повеќе од сто години експлоатација. Порцеланските, бетонските и камените плочки имаат животен век од околу 20 до повеќе од сто години. Овие материјали се многу кршливи и нивното ширење предизвикано од промена на годишните времиња може да предизвика нивно напукнување или олабавување. Движењето по овие плочки може да биде погубно за материјалот. Иако знаците на стареење на овие елементи може да бидат тешко воочливи, знаците од претходните лоши поправки треба да бидат предупредувачки знак дека атмосферската вода може да протекува во објектот.

Дефекти поврзани со вода – Доколку не ги решите овие проблеми, водата може да го уништи дрвото, гипс-картонот, подот, какои речиси секоја друга површина во вашиот имот. Дури и во мали количини, влагата може да предизвика мувла и скапување на материјалите, што може да биде скапо за санирање, доколку штетата излезе од контрола. Ако имате проблем со водата, ставете го на врвот на вашите приоритети! Веднаш ангажирајте професионалец да го провери проблемот и да ја изврши поправката час поскоро!

Несоодветна површинска нивелација и дренажа - Ова е најчесто среќаван проблем во пoстарите објекти што може да предизвика течење на вода во подрумските простории. Ова може да доведе до влага или влажни подруми, раздвижување на темелите, пукнатини или кршење на плочата. Водата што допира до темелите може да доведе до распаѓање и појавување на мувла по ѕидовите, или гниење во дрвените прегради во sидовите. Некои показатели за раздвижувањето на основата се видливо денивелираните подови. Ако го забележите ова, бидете свесни дека цената на поправките при овој проблем може брзо да порасне. Во згради со дрвена конструкција (бараки и сл.), поголема пукнатина во надворешниот изолациски слој на абрибот може да доведе до навлегување на вода во внатрешните простории.

Штета на покривот – протекувањето на покривот, предизвикано од стари, оштетени и неправилно наместени ќерамиди се смета дека е доста чест проблем. Ќерамидите од катран/битумен имаат животен век од 15 до 40 години и се помалку трајни од обичните глинени ќерамиди. Со текот на годините, асфалтните ќерамиди ќе почнат да се виткаат, ќе испукаат и ќе го сменат ликот. Понатаму, кровната матрица (држачите на покривот) ќе биде изложена на атмосферска вода. Во тој момент, водата ќе стане главен непријател, трпеливо чекајќија можноста за да го направи својот потег. Дрвените ќерамиди ќе покажат слични симптоми како асфалтните при нивното стареење. Виткање, подигање, разделување, штета од инсекти, гниење и откршување на делови се реална можност. За да бидете обезбедени, користете глинени ќерамиди или метален лимен покрив, коишто се доста потрајни од дрвените или асфалтни ќерамиди и контролирајте ја состојбата на покривот.

Водоводни и канализациони инсталации - Иако никогаш не се рангирани како проблем број еден, водоводните дефекти се рангираат високо меѓу проблемите на домувањето и вклучуваат: стари или некомпатибилни цевки и материјали, како и неисправни елементи и канализациони цевки. Голем процент од протекувањето на водата под лавабото е предизвикан од некомпатибилната одводна цевка. Ова е прилично лесна поправка која можете самите да ја направите или можете да ја најмите водоводџија. Влажни внатрешни ѕидови и мирис на влага во просториите е евидентен знак дека имате проблем со пукната цевка.

Прокапување од чешми и казанчиња - Бавното прокапување од умивалникот или бањата може да ве чини многу пари во текот на една година. Затоа, веднаш извршете ја поправката. Во повеќето случаи, проблемот може да се реши за еден час од страна на водоводџија (или самите вие). Меѓутоа, понекогаш целиот елемент ќе треба да биде заменет. Ако станува случај за ова, немојте даго инсталирате најевтиниот елемент, затоа што постои добра шанса дека ќе требада го замените наскоро. Казанчето од WC шољата обично содржи евтини пластични делови кои лесно можат да се скршат. Знаците на попуштање се постојано течење на вода од казанчето или полнење на казанчето.

Несоодветни електрични инсталации - Значителен број на сопственици на домови го определуваат овојдефект како најчест дефект во домот, што вклучува недоволна електрична инсталација во куќата, несоодветна заштита од преоптоварување на електричната инсталација, и аматерски, често опасни спојки. Пожарите предизвикани од неисправни електрични жици се чести. Модерни куќи имаат одлично снабдување на електрична енергија и електрични приклучоци. Постарите домови, од друга страна немаат. Ако имате продолжни кабли кои се распространети од соба во соба, тогаш сигурно го имате овој проблем. На тој начин го оптоварувате електричниот систем, приклучоците и жиците, што може да доведе до пожар. Уште една чест проблем со електричната инсталација кај било кој дом се експонираните жици. Било која жица која не е вградена е подложна на физичка штета. Ако ваквата штета се случи, повикајте професионален електричар.

Греење - Проблемите во оваа категорија се скршени или дефектни контролни прекинувачи, делови и внатрешни инсталации во електрични греалки, блокирани оџаци, истекување на плин од плински боци, протекување на радијатори и небезбедно ракување со отпадни материјали кои се продукт од греењето (зажарени и токсични отпадоци). Опасностите од труење со јаглероден моноксид, опасноста од експлозија поради истекување на гас и опасностите од пожар поради палење на катранот од внатрешните ѕидови на оџакот мора да се спречат по било кој трошок. Ако имате какви било прашања во врска со дефекти на уредот, сомнителна инсталација, протекување на вода од радијатор или плин од боца или дефектен затнат оџак, веднаш повикајте професионалец.

Неквалитетно генерално одржување - оваа ситуација се утврдува доколку постојат испукани, излупени или валкани обоени површини, распаѓање на ѕидарски работи, импровизирани жици или водовод и скршена бела галантерија или апарати. Ваквите поправки  обично се вршат со цел да се заштедат пари. Но, парите коишто ќе ги зачувате на лошото одржување се лоша инвестиција и ризик кој чека да се случи. Не обидувајте се да ги поправите работите што не знаете како да ги поправите, апаратите за домаќинство кои се под гаранција, или чие поправање наметнува безбедносен ризик.

Екстериери - недостатоци во надворешноста на домот, вклучувајќи ги и прозорците, вратите и ѕидните површини, се одговорни за непријатностите предизвикани од навлегување на вода и лоша термичка и звучна изолација, но се ретко од структурно значење. Несоодветните опшивки, изолациски елементи и фасадни бои, временските оштетувања или несоодветната монтажа се најчестите виновници.

Лоша вентилација - Поради премногу амбициозни напори за да се заштеди енергија, многу сопственици на куќи ги "запечатуваат" своите домови, што резултира со прекумерна внатрешна влага. Ова може да предизвика гниење и предвремено уништување на структурните и неструктурните елементи.

Инсекти/штетници- Справувањето со штетниците може да биде еден од најнепосакуваните работи за сопственикот на домот. Треба сеосигурате дека сите штетници се уништени поради опасноста од пренесување на болести кои можат да бидат многу опасни за вас. Исто така не заборавајте да ги запечатите дупките, без оглед колку се мали, поради опасноста инсектите или другите штетници да ги искористат за да влезат во вашиот дом.

Грижете се за вашиот дом, направете паметен избор и осигурајте се во компанијата која веќе 130 години, се грижи за она што вие го создавате! Пратете маил на Imot@crosig.mk и Вашата полиса ќе ви биде доставена, каде и да сте! 

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување