Крводарителска акција

Крводарителска акција

media.topic.imagealternatetextformat

Како и досега, новата 2017 година ја започнуваме во духот на нашата визија за похумана, посилна и поодговорна заедница, заедница за чија благосостојба, секој од нас може да допринесе.  Цврсто остануваме доследни на нашите уверувања дека нашиот успех ќе биде целосен само доколку биде проследен со посветеност и грижа за секого. Затоа несебично се бориме за постојани подобрувања, обезбедување на подобри услуги, подобрувањето на процесите  и издигнување на хуманото и грижата за човечкиот живот над се’. Одговорноста кон заедницата како наш константен став најдобро го претставува самиот карактер на нашата компанија.

Во склоп на годишниот распоред на активности од хуманитарно-добротворен карактер што го имаме зацртано како наша определба за 2017 год, годината ја отворивме со добротворна крводарителска акција во којашто учествуваа како нашите вработени, така и нашите пријатели. Акцијата беше организирана како прва од серијата крводарителски акции коишто ги имаме зацртано за новата година и коишто се реализираат во соработка со Црвениот крст на Р.М.

Искрено се надеваме дека ќе помогнеме во моментите кога залихите на крв се најнеопходни и дека ќе придонесеме за што побрзо опоравување на сите оние коишто имаат потреба од крв и крвни продукти.