Каско
media.product.imagealternatetextformat.details

Каско

Како да распознаеме искусен возач од неискусен? Искусниот има каско полиса, осигурување кое ги покрива ризиците на кои најчесто не може да се влијае. Но не е секоја каско полиса иста. Полисата на Кроација ви носи многубројни предности. Пратете маил на kasko@crosig.mk и обновете ја вашата полиса.

Направете комбинација на ризиците, одберете опција која вас ви одговара. 

КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Со каско осигурувањето добивате комплетна финансиска сигурност на возилото.  

Овој вид на осигурување ги опфаќа следните осигурени ризици:

  • сообраќајна незгода, како превртување, судар, удар, лизгање, урнување и слично
  • паѓање на предмет или удар од некој предмет
  • пожар
  • ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
  • удар од гром
  • експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија
  • луња, град, снежна лавина
  • поплава, порој и високи води
  • паѓање на воздушни летала
  • манифестации и демонстрации
  • кражба и разбојништво
  • злонамерни постапки на трети лица

КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ БЕЗ ВКЛУЧЕН РИЗИК КРАЖБА

Каско осигурување без вклучен ризик кражба ги вклучува сите погоре наведени ризици освен ризикот од кражба, противправно одземање на возило и разбојништво.

ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Освен возилото, со потполно каско осигурување може да се осигура дополнителната опрема како:

  • алат, приклучни уреди, прибор и резервни делови
  • радиоапарат, касетофон, радиоапарат со ЦД, ДВД, телевизор и радиостаница на возилото кои не се вградени во возилото од страна на производителот
  • рекламни натписи во возило и на возило

ВИДОВИ НА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

  • Каско осигурување без учество во штета
  • Каско осигурување со одбитна франшиза (учество во штета) кое може да изнесува од 100 ЕУР, 200 ЕУР, 400 ЕУР и 500 ЕУР. Во зависност од висината на франшизата, висината на премијата се менува. Поголема франшиза-помала премија. Изберете го видот кој најповеќе ви одговара.

ПОВОЛНОСТИ

  • попусти за добра деловна соработка
  • попуст за петгодишен договор
  • попуст за АО полиса
  • попуст за немање на штета во последната година по АО

 

Купи полиса

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување