Зошто е важно да ги одржувате олуците чисти?
media.product.imagealternatetextformat.details

Зошто е важно да ги одржувате олуците чисти?

И покрај тоа што олуците се "далеку од очи, далеку од памет", сепак тие играат голема улога во структурата на вашиот дом, а нивното чистење е одличен начин да ги избегнете сите оние скапи поправки за олуци.

Олуците имаат една намена: Пренасочување на водата од покривот, вдолж одводната цевка. И покрај нивната важна улога, сите забораваат на нив додека не се затнат или скршат, а последиците не само што ќе и наштетат на структурата на вашата куќа, туку можат да предизвикаат и здравствени проблеми кај вашето семејство.

Затнувањето на олуците најчесто може да биде предизвикано од куп лисје, мов и слично. За да препознаете дали на вашите олуци им е потребно чистење или не најефикасно е да излезете дури врне-доколку тече вода по ѕидовите, тогаш најверојатно вашите олуци се затнати и треба да се исчистат. Друг чест проблем е протекување кај спојот кое најчесто настанува од рушевини заглавени во спојовите.

Доколку се соочувате со проблеми со влага во вашиот дом, најпрво треба да ги проверите олуците, бидејќи најверојатно тие се причината за тој проблем. Спуштените олуци се уште еден секојдневен проблем, кој се јавува кога олукот е пренатрупан со рушевини или преостаната вода, или пак кога има 'рѓосани шрафови или погрешни држачи.

На прашањето: "Колку често треба да се чистат олуците?", наjсоодветен одговор е дека тоа зависи од местоположбата и бројот на дрвја во вашиот двор. Најпрепорачливо е да ги чистите во доцна есен, кога скоро сите лисја се веќе паднати. Кроација осигурување/неживот ви препорачува да повикате професионалец за да ви ги исчисти олуците, но доколку се решите сами да го направите тоа прочитајте ги следните совети:

  • Одберете ја вистинската скала и осигурајте се дека сите скалила се доволно безбедни
  • Никогаш не ја потпирајте скалата на олуците, бидејќи тие не се направени да поднесат толкав притисок
  • Носете дебели ракавици, за да се заштитите од големиот број на бактерии, како и острите рушевини. Стручните лица препорачуваат кожни ракавици
  • Носете заштитни очила, за да се заштитите од очни повреди при контакт со инсекти додека го чистите отпадот.
  • Користете гумени чевли, доколку треба да се качите на покривот
  • Повикајте си друштво, најбезбедни сте доколку некој ви ја држи скалата. Исто така запомнете дека двете нозе и едната рака треба секогаш да ви се на скалило
  • Закачете си кошничка на најгорното скалило со кратко јаже за да го собирате отпадот во неа
  • Користете пластична лопатка за да ви го олесни чистењето на поголемите остатоци

Размислувај за сигурен дом оваа есен со Кроација осигурување/неживот! 

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување