Зимски совети

Зимски совети

media.category.imagealternatetextformat

Секоја година од 15 ноември до 15 март следната година, во Македонија важи обврската за поседување на зимска опрема. Поседувањето на зимската опрема не е само законска одредба, туку и практична погодност којашто влијае во огромна мерка на Вашата безбедност. Кај зимската опрема постојат две алтернативни законско обврзувачки опции:

1) зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите од 4 минимум (четири) mm со ознака M&S, M+S или MS (Mud & Snow – Кал и снег), при што синџири за снег и соодветни уреди не се потребни.

2) пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите од минимум 4 (четири) mm, доколку возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Доколку поради технички ограничувања на одредени возила со поголема носивост не можат да се постават синџири за снег, потребно е поседување на  четири зимски пневматици и лопатка за снег.

Совети за подготовка на Вашето возило за зимата:

Покрај законските одредби за пневматиците и синџирите за снег, од витално значење е и инспекцијата на возилото од ваша страна, но и сервисирањето на возилото во специјализираниот авто-центар за вашиот тип на возило.

Обрнете внимание на течноста за разладување на вашето возило. Проверете дали е инсталирана течност којашто издржува ниски температури (антифриз со назначена точка на замрзнување) за да ја превенирате опасноста од замрзнување на разладната течност и оштетување на разладниот систем на возилото.

Проверете го системот за чистење на ветробранското стакло, дали е во функција и дали содржи течност којашто издржува ниски температури за да ја превенирате штетата којашто може да настане од замрзнување на течноста. Поради влажниот и каллив коловоз во зимскиот период од годината постои поголема веројатност ветробранското стакло да се извалка и да ја намали видливоста на возачот.

Проверете дали поседувате гребалка за снег и мраз, лопатка или метла за снег за да се подготвите за периодот кога температурите ќе паднат под нулата и се очекуваат врнежи од снег.

Проверете ги вашите бришачи, дали оставаат траги од бришење и дали ресичките се во функција. Доколку не го чистат стаклото, променете ги.

Проверете го филтерот за воздух во кабината и доколку е потребно променете го. Поради ниските температури во вашето возило и неопходноста од клима уредот, во текот на зимскиот период  климата ќе се користи повеќе.

Проверете го Вашиот клима уред. Иако меѓу возачите важи верувањето дека клима уредот е битен  само за топлиот дел од годината, клима уредот е од бесценето знечење во зимскиот дел од годината за видливоста во возилото. Вклучете ја климата, пуштете ја на греење и подесете го дувањето на прозорците. Влагата којашто настанува од кондензацијата во кабината веднаш ќе ја снема. Доколку немате клима уред во возилото, имајте при себе крпа од микрофиберза да можете да го избришете ветробранското стакло од внатрешната страна, пуштете греење на ветробранското стакло и оставете го прозорецот минимално отворен за да го превенирате замаглувањето.

Проверете го вашиот акумулатор. Доколку имате проблеми при стартување на автомобилот во есенските денови, голема е веројатноста дека акумулаторот ќе откаже во студените зимски денови. Доколку е поминат векот на користење, променете го.

Во услови на снег и замрзнување на коловозот, опасноста по Вашето возило и Вас многукратно се зголемува.

Не возете! Доколку немате поголемо искуство и немате поголема причина за користење на Вашето моторно возило во услови на снежни врнежи, голомразица и постоење на замрзнат снег или мраз на коловозот, советуваме да го оставите Вашето возило паркирано и да користите друг вид на превоз.

Особено треба да внимавате при лоши зимски временски услови кога има појава на густа магла и коловозот е замрзнат. Во тие услови во никој случај немојте да го управувате моторното возило без инсталирани зимски гуми и зимска опрема, при што од големо значење е и искуството во возењето.

Прилагодената брзина на возилото кон зимските услови е клучен параметар на безбедноста. Во зимскиот период од годината брзината на управување со возилото често пати треба да биде доста помала од максимално ограничената брзина. Во лошите зимски временски услови драстично се намалува фрикцијата помеѓу пневматиците и коловозот. Задолжителните зимски пневматици се од голема помош, но ниту со нивното користење при замрзнат коловоз не сте безбедни како при возење во нормални услови. За да се заштитите од излизгување и губење на контролата на возилото, возете полека, држете поголемо растојание од возилата пред вас и возете со зголемена концентрација.

Многукратно зголеменото потребно растојание за кочење и запирање на возилото во услови на подмрзнат/заснежен коловоз е уште една дополнителна причина за побавно возење. Доколку пред вас има пречка, одрон, возило кое кочи или настане сообраќајна несреќа, шансите да избегнете судар се многу поголеми доколку држите поголемо растојание и возите бавно.

При подолг пат испланирајте ја рутата и известете ги најблиските или колегите за планираната маршрута. Ако запрете за одмор, јавете или пратете порака каде се наоѓате.

Во услови кога на подмрзнатиот  пат има кривини на надолнина, треба да сте особено внимателни и да ја контролирате брзината на возилото. Поради долгиот пат на кочење и можноста за излетување, вашата брзина треба да биде исклучително ниска.

Иако “АBS” системот и системот за стабилност – т.н. “ESP” се од голема помош за возачот, особено во зимскиот период од годината, не ги земајте со полна самодоверба. Не ја зголемувајте вашата брзина ибидете претпазливи!

На удолнина внимавајте да го пропуштите возилото што се движи нагоре поради потешкото поаѓање на нагорнина.

При лизгав или подмрзнат коловоз немојте да претекнувате со вашиот автомобил  доколку за тоа не постои вистинска причина или околностите дозволуваат (заобиколување возило кое стои, или товарно возило кое се движи по товарна лента доколку имате одлична прегледност).

При подолг пат во зима, особено при лоши временски услови внимавајте вашиот резервоар да биде полн за да можете да се справите во услови на непрооден пат или пак кога возилото не може да се вози, затоа што греењето на возилото работи само на горивото од резервоарот. Од друга страна, пак, возилата многу брзо ја губат топлината и опасноста од хипотермија е голема при гаснење/неработење на возилото.

Внимавајте Вашиот мобилен телефон да биде полн за да се јавите во случај на незгода.

На подолг пат, за да се заштитите од непредвидени околности при силни снежни врнежи, понесете си резерва од храна во случај да морате да останете подолго паркирани на непрооден пат, додека да дојдат службите за прва помош и расчистување на патот.

Понесете очила за сонце за да Ве заштитат од нискиот агол на паѓање на сончевите зраци во зима.

Понесете лопатка за снег во случај да заглавите во снежен нанос. Поставете синџири на гумите. Доколку ова не помогне и заглавите во замрзнат снег и мраз, постелете подметувачи или гранки од дрвја под тркалата за да можете да излезете.

Во одредени случаи ќе Ви биде потребна и влечна служба. Меморирајте го нивниот телефонски број во вашиот именик.

И за секој случај, немојта да заборавите да одберете една од полисите од Кроација осигурување/неживот! Контактирајте не на imot@crosig.mk и Вашата полиса за безбедно патување ќе Ви биде доставена каде и да сте.

Новости

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија

Куклена претстава за децата од Одделението за хематологија и онкологија
петок, 30 декември 2016

Кроација осигурување/неживот за децата на Одделението за хематологија и онкологија на универзитетската клиника за детски болести организираше новогодишна куклена детска претстава. На приредбата беа доделени и новогодишни подароци за децата кои лежат на овие одделенија.

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести

Кроација осигурување/неживот им подели новогодишни подароци на децата од одделението за Хематологија и Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести
четврток, 29 декември 2016

Новогодишна хуманитарна акција

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?

Како најлесно да го осигурате станот или куќата од земјотрес?
понеделник, 19 септември 2016

Прочитајте што вели нашиот експерт за осигурување